Се гледа ли крајот на маките на вработените во Фени индустри?

//

По вчерашната одлука на Основниот суд во Велес во рок по 45 дена стечајниот управник и двете банки,мора да  подготват план за реорганизација, со кој комбинатот Фени треба да излезе од финансиската криза. Според претседателот на гранковиот синдикат Пеце Ристески ваквата одлука е забрзување на решенијата за судбината на работниците кои изминатиов период се борат за егзистенција.
Во меѓувреме комбинатот се подготвува да стартува со работа по одлуката на одборот на доверители да го даде под закуп на швајцарскиот „Фос асет“ менаџмент.
Компанијата минатата година депонира три милиони евра на сметката на Фени како доказ дека се сериозни во намерите за рестартирање на фабриката.
Пред десетина дена вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев,најави,дека кавадаречки Фени од февруари ќе се активира,иако немале ингеренции да се мешаат во стечајната постапка за комбинатот тие сепак како Влада ја следат состојбата.



Претходна статија

Го имаме голот на сезоната: Ова е НЕВЕРОЈАТНО! (ВИДЕО)

Следна статија

Францускиот институт во Скопје ја организира манифестацијата „Ноќ на идеите“

Најново од Вести