ПОСЛЕДНА ШАНСА ЗА БОКИ 13 И КАТИЦА ЈАНЕВА ДА НАПРАВАТ УВИД НА ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ НИВ

//

Денеска е последниот ден во кој првосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 и третоосомничената Катица Јанева во случајот „Рекет” имаат можност да прават увиди во доказите за овој предмет во кој се гонат, јавува Лидер. После ова треба да следува обвинение.

Јовановски и Јанева сѐ уште немаат дадено исказ пред обвинителката Вилма Русковска откако се осомничени во „Рекет“. Нивните адвокати побараа прво да направат увид во доказите, па потоа нивните клиенти да дадат исказ.

Премиерот Зоран Заев викендов изјави дека очекува пред 15 октомври да заврши истрагата со обвинителен акт за случајот „Рекет“.



Претходна статија

ВИДЕО: ОДРЖАН 5-ТИОТ СТУДЕНТСКИ ЕТНОЛОШКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ „ЕТНОФФ“

Следна статија

ЈАНЧЕВ НАЈАВИ ТУЖБА ЗА КАРАКАМИШЕВА АКО ЈАВНО НЕ СЕ ИЗВИНИ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да