ПРЕДНОВОГОДИШНА КОЛУМНА ЗА МАКЕДОНИЈА
Како и секогаш така и оваа година пишувам по една колумна (бесплатна) за ситуацијата во Македонија и светот .Што тоа било и што тоа не очекува.
За ПРЕСЕДНИКОТ , БАР ЕВЕ НЕКОЈ ЌЕ МУ ПИШЕ
Ситуацијата ни е таа што е .Еве на пример ,ако ама, се разубудите во гаќите на Грчкиот претседател одма ќе ве удри едно шубе како тоа Преседникот на Република Северна Македонија по 6 пат е во Анкара за годинава.
Земате телефонот и вртите кај ОНИЕ и им велите- Ало бе ај видете кај Вашиве овие у Скопља што се случува оти нивниот преседник незгодно за нас,патува 6 пати годинава во Анкара.
Ем се сокршиве во Атина и во Скопје да ги направиме односите некако ОК ,овој не дрви со тоа неговото…Анкара де Анкара. Демек нè заобиколиле со Турска.
Од другата страна на жицата пак ,згодна ,добар психолог и оратор госпожа, го смирува:
– Абе Преседниче на Атињаните, па не се склдисувајте, знаете мала вода е господинот.Имено на сите дипломати на секоја вечера со неговата госпожа го критикува зголеменото носење на бурки во Скопје и Куманово како влијание на Ердоган.
Тоа што тој оди во Анкара е дека шверца фармерки и бара да живее во Турција,ако може и тоа од мај.
Ќе се смирите после од овој велелепен тон на женскиот глас и ќе си помислите:
-Ма Турците го знаат дека е мала вода ,а намерно да не дрват, го примаат таму ,демек кој знае што прават ,а тоа НИШТО.
И продолжувате да се занимавате со бродови,нафти и оние што ги произведуваат гасот и нафтата ,да не дадат на друг да ги војза по морињана.
На ова се сведи целокупната надворешна политика на Македонија ако го изземеме договорот со Бугарија и Грција како и примање на сигнали од Брисел.
Сигналите од САД се стелт технологија и за незе не сме заинтересирани али будно примаме и пазиме.Живео САД и Тито.
Да,на тоа се сведи Македонија сакале или не ..Да Живее САД и Тито другово брате се е боранија.Сосе сите наши топтан.
За Примиерот Зоран Заев
Многу другари ми велат,абе што не одиш кај Заев онака да го изрибаш 2-3 пати ,да му објасниш некакви работи оти ти имаш искуство со ова нашиве политичари па и големите.
Уф,како да им објаснам дека јас не сакам ништо на Заев да му објаснам .
Ги чекам мојте другари да соберат храброст и да му објаснат.Па зошто јас да бидам секогаш лошиот .Ем јас на Заев не сум му лут па да го рибам.
Едноставно човекот си го сакам ем ми е забавен.
И ми иде одма мислата ,денес ,а што тоа би му рекол на Зоран Заев.Ок ,еве вака-
Груевски секогаш и пред се и над се работеше и мислеше за својот рејтинг. Ма од секаква појдовна точка. И се што би смислил е неговиот рејтинг.Сите негови размисли,психологија и политика се сведат на зборот-РЕЈТИНГ.
Да го сруши СДСМ и Зоран Заев од Будимпешта е доволно да се појави на некакво фингирано ТВ интервју и да им зададе еден фамозен ЖБРЦ со изјава- Па ,да Будимпешта сум ,но тоа е во договор со СДСМ и Зоран Заев.Што? Да не се појави после на полиграф..абе иди бегај.
До сите советници на Зоран Заев ,знани,звани и незнани кои не му објасниле дека со било каква НЕпромена во и на законски одговорните лица по институциите ,а во врска со бегството на Груевски,во втора фаза ќе ја превземе и носи сета одговорност.
Ма јасно ми е дека Зоран Заев не жртвува така ликови..Но, пред се е политичар, а политичарите посебно пазат на себеси.
Инаку пак забавата дека Груевски многу знаел за Орбан ме наведува на заклучок дека азилант и затвореник(заложник) ги дели тенка линија.
ЗА НАРОДОТ НА МАКЕДОНИЈА
Инаку пак работите во Македонија се сосема нормални.Имаме ваква власт каква имаме и опозиција ,таква каква што имаме во корелација со капацитетот на власта.
За опозицијата веќе е гревота да се зборува.Јас би ги замолил новинарите да пред секој прес на Вмро-Дпмне да прашаат-Кој тоа ,лице ,го смисли проектот Скопје 2014 или сите зад него колективно стоите/стоевте.
И така секој ден дури не им отече главата.Па после може други новинарски прашања.
Овој што избега го смисли она “Воин на Коњ” или сите тоа колективно.Па време е да дознаеме за основните прашања кој не мачат.
Остајте тоа “Митре од Средорек” за 1000 денари што го молкните да сруши Хунта.
Зима е .Ви предлагам да “анти-хунташките” протести ги одложите за некаде септември до година .
Ако е на пролет, можеме пак грешно да прочитаме ,а е во врска со Договорот.
И толку по нив , фазла не ни вреди. А, да не заборавам -Лицето што ви го подметна и го организираше Бојкотот сеуште ви е во Белата Зграда.До пролет се надевам дека ќе го отстраните ,ради општо весеље и задоволство.
Читајќи белешките и слушајќи ги актерите на Букурешт 2008 се гледа ист ракопис на Бојкотот 2018.
Што мислите ветрот да не ви дува од кај ..Исток за двата проекти ,играта на слогови/зборови и вокабуларот.
Да не имало/има некакви гаранции за НЕ ПРИДРУЖУВАЊЕ..онака се треба да се изваде и да се стави во машината за перење,оти НИШТО НЕ НÈ ПЕРИ.
Македонскиот народ воопшто не е за потценување кога разговараме за кратка меморија.Шампиони.
Доколку нема леб,игри и осудени лица тешко дека ќе заборави до следните избори.E толку шампиони не се.
СДСМ во историјата го спасувал Вмро-Дпмне ,а пак Вмро-Дпмне го спасувал СДСМ.Денес работите се уште покомпликувани за/со спас на ДУИ на пример.
Пола Беса и Села можете онака да ги отстраните за 2019.Такви изјави даваат ..да се чудам кога ќе добијаат по 2-3 воспитни и од Тирана и од Пришина.
Посебно што алергијата во Приштина и Тирана по релациите со Србија носи да Села биде жртва и тоа онака од прва.Да се види која куќа мрсно и баклави јади.Ова на Села му е јасно?.НЕ ,не се секирајте дури не се самоубие политички нема да му биде.После се ќе му е јасно,ама ќе биде доцна за него.
Во 2019 ќе има повеќе пари од 2018.Да,тврдам дека економијата ќе премине 3,7 % зголемување.
Ќе има зголемување на извозот и платите.Платите полека сами ќе почнат да достигнуваат вредност од 400-500 евра .Не заради работата на владата.Абе, нема работници сето се сели во Германија.
Некакви процеси не можат да се контролираат.Владата нема доволно намера да експертските кадри ги пресретне и сочека пред да се“ качат” на авион.
Плеткаат без идејно подготвувајќи нови закони за вработувања,систематизации и пак плеткаат.
Нема конкретна интенција да појдат на аеродром и 5-те доктори кои оваа недела се спремаат за Германија ги задржи овде.
Ако е народот во Македонија за /под кризен менаџмент па не се тоа инситуциите .
Тие се комотни и си ги држат столиците топли.Па и на крај краева кој ли знае дали се тие 5 –те доктори се наши партиски активисти.А, еден од нив богами е виден и дека не е.
Амнестијата ќе си биде.Се разбира не на наредбодавачите.Прашање е дали изведувачите ќе соработуваат со институциите или не.Е тоа е прашањето на аменстијата/аболицијата и слично.
До деновите пред Нова Година ќе се расправаме со Преседници/кандидати.Денко Малевски,Стево Пендаровски,Никола Димитров и Зоран Заев се реалните кандидати на Али Ахмети.Јас и Али Ахмети се мислиме за последниот само, да не ја заебеме работата.
Другото е јасно.Вмро-Дпмне ,а по тестамент /желба на нивниот за кратко, стратегиски повлечен преседник во Будимпешта ќе исфрли кандидат ,лук и вода.Да ни прави забава.
Да сме здрави и живи да си гледаме бавчата и да си ги украсиме за некој ден елките.Остајте крупни политики.За нив има други што се нервираат ,а ние тоа не сме.
Автор: Даме Чкатроски. политички аналитичар

