ПРЕГАЗЕН ПЕШАК ВО ПРИЛЕП- ЖЕНА СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ ИТНО ПРЕНЕСЕНА ВО БОЛНИЦА

МВР денеска соопшти дека вчера во 11.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Кузман Јосифовски“ во Прилеп, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Ѓ.(55) од Прилеп, удрило во пешакот В.П.(71) од Прилеп.

loading...

Во незгодата, В.П. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.



loading...