| |

Проблемот на Мицкоски не се „700-те Бугари“, туку разобличувањето на македонизмот

Пишува: Љупчо Куртелов/БГНЕС

Во вестите на македонското државно радио вчера се коментираше Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Се разбира како мегафон на актуелната власт, Договорот беше осуден и дефиниран како штетен за Македонија. Напоменаа дека Уставот на Републиката не треба да се менува поради „800 Бугари“.

Премиерот Христијан Мицкоски во своите јавни настапи често го користи аргументот „за 700-800 Бугари“. Но, ако има и малку храброст кога зборува на оваа тема, треба да каже дека на последниот попис во Македонија во 2021 година, 3.504 граѓани се изјасниле како Бугари. Бројка која отвора сомнеж за објективноста на овој попис, ако се земе предвид дека над 100.000 Македонци добиле бугарско државјанство. А за да го добиеш, потпишуваш изјава (пред нотар) дека имаш бугарски корени и потекло.

Луѓето што ја мразат Бугарија тврдат дека мотивацијата на овие луѓе е економска – пасош со кој можете да работите во земјите на ЕУ. Ако ја прифатиме оваа теза дека има луѓе со такви мотиви, мора да признаеме дека има и луѓе кои се чувствуваат Бугари, но немаат бугарско државјанство, дури и не се пријавиле за тоа. Како пример ќе го посочам еден мој познаник од Охрид, кој секојдневно „води битки“ за вистината на отворените линии низ македонските телевизии.

Но, главоболката на Мицковски не се овие „700-800 Бугари“. Нему му е крајно јасно дека ако Бугарите се вклучат во Уставот, ќе започне лавински процес (не толку брз), кој ќе ги ревидира темелите на македонизмот и ќе доведе до ревизија на целата наша историја. А безброј кариери лежат врз тоа, во политиката, во бизнисот, во медиумите и во образованието.

Слични Објави