ПРВАТА РЕЦЕПТУРА ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА БОЈКО БОРИСОВ VS ЗОРАН ЗАЕВ

При доаѓање на позицијата на премиер на Бугарија, Бојко со неговите, упати две пораки до центрите на моќта во Бугарија. Првата порака беше до тајкуните- настрана до Буџетот на Бугарија. Правете што сакате но настрана од цела администрација. Не ве чепкам но не чепкајте во администрацијата ни на централно ни на локално ниво. Таквите како Васил Бошков па до ТИМ Варна почнаа да прават проекти кои не се поврзани со администрацијата, од фабрики до производство и ги изнаправија ама баш еден куп.

Сметано по западни стандарди, фабриките на тајкуните со идењето на Бојко отворија 200.000 работни места во производство. За разлика од таму, погледнете онаа РЕЗИЛ ЛИСТА НА ФАКТОР за најбогати Македонци. Само 1-2 ( со зборови САМО ЕДЕН ИЛИ ДВАЈЦА) не работат на буџет и со администрацијата. Другите, уште првиот ден на власт на Заев, отидоа,се разбра, понекогаш се договораа и уште договараат со Зоран Заев и неговата околина.

Ма колку сакале да ги применат принципите на првото владеење на Борисов и бугарските правила на групировки, нашите лидери не успеваат никако да се одлепат од Корисниците на Администрацијата и нејзините коруптивни услуги. Ова правило број 1 на Зоран Заев и на неговата околина изгледа дека е далеку од тоа да им биде на дневен ред за размисли. Ова се вика- нелоцирање на огништата на корупцијата и нивно не сузбивање.

Аферата Рекет посебно е доказ за ова, доколку се разгледа во неколку аспекти. Правилото 2 на Бојко Борисов беше – сите параполициски служби и службеници на тајните служби да ги стави надвор од системот. И дури поединечно да ги предупреди да престанат да „матат вода“ кога се во прашање стратегиските прашања на Бугарија. Некои велат дека се должи на аверзијата на полицаецот Бојко кон тајните служби. Пензионирани или активни тие секогаш мателе и заматувале во Бугарија.

Ние никако не сме нешто различно од таму. За разлика од таму каде секогаш беа пола на пола со врски со Запад и Москва, кај нас беа со врски со Белград. Но активноста на Москва и на мината влада дозволи и појава на Москва и кај нас како замена за изморениот и не кадарен Белград.

Втората работа е да СИСТЕМОТ НА РЕЖИМОТ од овде до Владивосток се потпира на – 1.Шпионажата – Масовно прислушкување и следење 2.Пропаганда-Медиумите се масовно вклучени во пропагандниот центар на режимот 3.Офшор економија-Белизе или Лугано,сѐ е исто од Софија до Москва. Дури и Белград во најтемните времиња помалку ова го практикуваа од нас. И сега во овој момент од разнишаните центри на моќта ќе гледаме повампирување.Тоа се должи на намерно направените скромни капацитети на владата на Зоран Заев.

Едноставно тие одлучија дека треба да има живот за сите. Поимот дека двете групации на тајкуни и тајни служби одлично живееја и работеа во време на режимот. Работат и сега и ќе работат и после. До денес најголемите удари по владата на Зоран Заев доаѓаа од таму. Ќе има удари и денес,а и утре. Дали имаше удари и колкави беа- Па, 2 години и 7 месеци, толку издржа Зоран Заев. Не би го цитирал Илија Димовски, неговите поенти беа доста добри. Кој и како ги слушна…Негова работа.

Дали Зоран Заев ќе добие уште една шанса, јас не знам. Тоа народот си го знае. Факт е дека имаме нова влада, која не е опишана во законодавството и е Нова Влада, а не техничко-Пржинска влада, а таква извинете по закон не постои. Одиме на избори. Дали Заев ќе се врати, само од него зависи. Шансите се пола на пола.

**Ова останува како он /спот мала прва бесплатна анализа.

Автор: Даме Чкатроски