|

САД ѝ ветиле помош на Јужна Кореја во случај на војна со Северна

Јужнокорејскиот претседател, Џун Сук-Јол, изјави дека сојузот со официјален Вашингтон е подобрен и зајакнат.

Јужнокорејскиот претседател, поднесувајќи извештај до неговиот кабинет за неговата посета на Соединетите Американски Држави, рече дека тие ветиле дека ќе и’ дадат на Јужна Кореја „поголем увид во американското нуклеарно планирање и доктрина во случај на војна со Северна Кореја“, објави Ројтерс.

Џун разговараше со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон минатата недела во време кога Јужна Кореја е зголемена загриженост за брзиот развој на севернокорејските нуклеарни и ракетни капацитети и се зголемуваат сомневањата дека САД нема да ја ризикуваат сопствената безбедност за да му помогнат на својот азиски сојузник.

Има сè поголеми повици до Јужна Кореја да започне со развивање на сопствените нуклеарни капацитети, дури и од високи членови на политичката партија на Јун, но САД се противат на тоа, уверувајќи ја Јужна Кореја дека е заштитена од американскиот „нуклеарен чадор“.

Слични Објави