СЕ ЗАПАЛИ СТАН ВО МИЧУРИН, НЕМА ПОВРЕДЕНИ
Денес на улицата Венјамин Мачуковски, спроти ОУ „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, во Скопје, во стан на петти спрат избувна пожар кој по брзата реакција на пожарникарите беше изгаснат. Освен вознемирени станари, повредени нема, а причинета е материјална штета.
Причината за пожарот е електрична инсталација, односно е опожарена сушара за алишта.
