Северна Македонија, македонско, македонски … манипулации

/

Пишува: Никица Корубин

Понекогаш се чини дека одбивањето да се читаат лесно достапните документи, чиниш треба да се дешифрира нивното значење е омилената забава за манипулации од секаков вид. Или пак, токму нечитањето е основа за сите манипулации, па зошто да ги замараме луѓето со ментални активности, кога “стручните толкувачи” го прават тоа ефикасно, три во едно: дезинформација, манипулација, лага. Односно, лажна реалност, внимателно чувана и хранета од “злите сили” од надвор, за да се наруши спокојот на “чуварите”. Кои го чуваат “сопствениот” народ во длабока заблуда: цел свет размислува каде да го употреби терминот “северномакедонски” дента, за да не’ понижи уште малку, нас константно понижените. Намерно, злонамерно и тенденциозно. Ако, не пронајдат на карта, каде сме и кои сме.

Оваа пародија и иронија, сведена на намерно инфантилно ниво, на целосна исклученост од светот, а и исклучивост во пропагандното ширење на хистерии и стравови, почива на големо и свесно незнаење. И е само една од последиците на константната желба за “лесна власт” како по учебник, најлесно се владее со неуките, а “владетелот” е тој што мисли за сите; која за жал е пракса долги години. Се разбира под “владетелот” може да се подразбираат многу работи: медиуми, партии, експерти, аналитичари, академици. Клучно е дека друг мисли за вас, а вие само треба да ги голтате дневните дози. Креирање на јавно мислење е пософистицираниот назив. Значи, што е тема на денот, неделата, месецот? Северномакедонски?

Се разбира полесно е “така кажаа”, “така прочитав” и “така видов”, отколку сами да прочитате. Кога веќе сите што биле должни “да кажат”, “да толкуваат” и “да информираат” тоа не го направиле доследно и професионално, од различни побуди: од брутална злонамерност до калкулантска страшливост. Од популизам до партократија. Од неодговорност до незрелост. Од незнаење до ширење лаги. Се’ измешано, го дава ефектот: хранење на лагата, за да се одржува тензијата. А, таа потоа да се употреби според дневната потреба. Само што овие “чувари” на идентитетот повеќе наликуваат како насилници и злоставувачи. Со сопственото и сеопшто (не)знаење.

А, се’ е предвидено во Преспанскиот договор. Кога ќе се прочита и види. Имате опција да им верувате на сопствените очи или да продолжите да бидете лажени. Секој со свој избор. А, државата има опција да биде одговорна, да информира и да превенира. Токму така, како што самата се обврзала. Северна Македонија, македонско државјанство, македонски јазик. Од читање зијан нема. Ама, од незнаење освен штета, друго и нема.

“ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР

ЧЛЕН 1



СТАВ 1Оваа Спогодба е конечна …

СТАВ 2 Страните го прифаќаат како обврзувачки исходот од преговорите, коишто се одвиваа под покровителство на Обединетите нации …

СТАВ 3Согласно тие преговори, заемно е прифатено и договорено следново: Државјанството … ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија …Официјалниот јазик … ќе биде „македонски јазик“ …

СТАВ 6Конкретно, веднаш по влегувањето во сила на оваа спогодба, Втората страна (НИЕ)ќе: Ги извести сите меѓународни, мултилатерални и регионални организации, институции и форуми, чиј член е, за влегувањето во сила на оваа спогодба и потоа ќе побара од сите тие организации, институции и форуми да го прифатат и употребуваат името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба за сите намени и цели.Ги извести ситe држави – членки на Обединети нации за влегувањето во сила на оваа спогодба и ќе побара од истите да го прифатат и да го користат името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба за сите намени и цели, вклучително и во сите свои билатерални односи и комуникација.

СТАВ 13Во случај на грешки и пропусти во правилната употреба на името и термините наведени во член 1, став 3 од оваа спогодба во контекст на меѓународни, мултилатерални и регионални организации, институции, коресподенција, состаноци и форуми, како и во вкупните билатерални односи на Втората страна со трети држави и ентитети, која било од Страните може да побара веднаш да се изврши корекција и да се одбегнуваат слични грешки во иднина.”

Претходна статија

За Радон Тодев, неговите комити и нивната Голгота

Следна статија

Страдањата на Ангел Митрев-Геројот

Најново од Ваш став

Игра на ниски страсти

Fb статус на Никица Корубин Дека политиката е врвна вештина која бара многу знаење, искуство, традиција

Целосна независност

Facebook статус на Никица Корубин Независноста е комплетна кога си свесен за неа. И за нејзиното