|

Силни експлозии во згради во Шведска, има повредени

Најмалку три лица се повредени при две силни експлозии во две станбени згради во Шведска.

Првата експлозија се случи доцна синоќа во Хаселби, предградие на Стокхолм, а втората денеска во Линкопинг, на околу 175 километри југозападно од Хаселби. Во експлозиите се оштетени фасадите и прозорците на зградите, пренесе АП.

Шведското радио објави дека експлозијата во Линкопинг е поврзана со конфликти на две банди за дрога и оружје.

Полицијата соопшти дека сè уште никој не е уапсен во врска со експлозиите.

Од почетокот на годинава во Шведска се регистрирани вкупно 261 пукање од банди, при што загинале 36 лица, а 73 се повредени.



Слични Објави