Скопјанец фатен како краде од старец во Аеродром
Вчера на автобуска постојка на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, полициски службеници од Одделението за криминалистичката полиција при ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Р.А.(43) од Скопје.
„Тој бил фатен при извршување џебна кражба, при што од јакната на В.Л.(76) од Чучер Сандево, скопско, одзел мобилен телефон. Исто така, тој бил баран и поради сомнение за извршени уште две џебни кражби на подрачјето на Скопје“, велат од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.