СЛОВЕНИЈА ПРВА ВО ЕВРОПА ПРОГЛАСИ КРАЈ НА ЕПИДЕМИЈАТА

/

Словенечката влада синоќа прогласи крај на епидемијата на коронавирус, со што Словенија е првата европска земја што го стори тоа.

Националниот институт за јавно здравје процени дека сите показатели покажуваат оти ширењето на коронавирусот е забавено, односно дека се регистрирани вкупно 35 нови случаи на Ковид-19 во последните 14 дена. Сепак, бидејќи сè уште постои ризик од ширење на вирусот, некои рестриктивни мерки остануваат во сила.

Првиот потврден случај на коронавирус во Словенија е регистриран на 4 март, а до 13 мај биле потврдени 1.464 случаи. Од коронавирус починале 103 лица.

Епидемијата на коронавирус во Словенија беше прогласена на 12 март.



Владата исто така донесе мерки во врска со преминувањето на границата, така што граѓаните на Словенија и на другите земји од ЕУ повеќе нема да мора да бидат ставени во карантин при влез во земјата.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ВТОР ДЕН СЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТИОТ ДЕДО НА ПЕЛИСТЕР

Следна статија

КАЗНА ДО 49.000 ЕВРА ИЛИ 3 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ОНИЕ КОИ НЕ НОСАТ МАСКА ВО КАТАР

Најново од Вести