СОБРАНИ (ЗЛО)ДЕЛА НА НАШИТЕ ПРЕДЦИ

Пишува: Младен Србиновски

loading...

Божем ненадејно како што почнуваат, така неприлично тивнуваат. И по божемен децениски мир, нашите пизми со разурнувачка сила од “ништо“ бувнуваат. Ненавикнати времето на Балканот да се движи и во моментов ниедна балканска сила да не може да го застане, и сегашниве наши бавни балкански интеграции, сепак, очигледно, се пребрзи за балканските национализми во регион каде што минатото со историските интерпретации ја обликува современоста и му диктира на животот.

Намерно или ненамерно, претходно тајно договорни или не, од молчаливата до скоро Бугарија, веќе секојдневно на плитките и провокатвни коментари, пред се од Каракачанов и Захариева, логично беше да одговори и српската страна со нивно гледање за бугарските “нежности“ во воените премрежија низ балканските простори. И белградскиот професор Симеуновиќ прецизно тоа им го испорача, сликовито набројувајќи ги бугарските “мерки и активности“ низ воените виори. Прискока боцнатата бугарска општественост и реагира со вообичаени балкански постапки: згрозување, отфрлање на наведените напади со контра одговор дека, всушност, такви геноцидни постапки се практика на српската страна, без да се побараат конкретни докази за српските неточности или измислици. Толку, на тоа се останува, а пуштената, па забошотената омраза, од играчка – плачка, ни рие под нозе. Не е писателска несериозна моја вообразија: се мислам при повикувањето на странските амбасади за “дообјаснувања“ по настанати проблеми, двете страни прво се радуваат од постигнатата пакост, па се договараат за новата далавера што им ја подготвуваат на народите. За да не држат вечно скарани.

Ваквите проблеми и нивното ненадминување, според проф. Симеуновиќ, лежат во балканското меѓусебно непознавање и според него, за нивно надминување е потребно отворање на посебни научни институти за Бугарите или за Албанците за подобро соседните народи да ги запознаат. Доброто е учениот на европски начин што го бара проблемот, незадоволителното е што повторно нуди еднонационално, балканско решение.

Во исто време, со свое мислење за македонско – бугарскиот проблем, од Скопје се јави и политикологот проф. Владо Попоски, битна личност во досегашната тридецениска (северно)македонска независност, со порака до јавноста, дека треба да се изнајде компромисно решение за спорот, но со назнака, дека дури од сега па понатаму со Бугарија ќе имаме проблеми. Зашто продолжителни проблеми при решен спор? Попоски е балкански нејасен или не се доискажува. Следуваат проблеми од наше соочување со вистината или со Бугарија.

​Пред некоја година, албански интелектуалци отворено ни посочија дека над нив од наша страна е извршен албански геноцид во периодот од 1913 до 1952г., со кое што тврдење ја вџашија севкупната македонска јавност, па и тоа забошотено интелектуално стојалиште се сведе само на уснтно етничките изливи низ омразата околу нас постојано што искри.

loading...


​Незнаеме дали и ќе го исполнеше, но во своето кратко, тримесечно премиерување со република Косово, Албин Курти како владина програма најави и отварање на досијеата за геноцидот врз Албанците. Повторно добра намера, но теснонационална идеја за голем исчекор од нашиот севкупен балкански осој.

И да не го оптоваруваме сроченово со додатни примери на теснонационални гледања од бошначки, црногорски или грчки гладишта за ѕверствата од Другиот извршени врз нив. Јасна е тенденцијата на еднонационалните балкански расудувања, но барем за една работа заслужуваат пофалба. Сакаат без задршка да зборуваат и за најнепријатни теми, треба да им се овозможи да бидат слушнати, но и низ критички пристап да им се вкрстат фактите.

(Целата колумна на Младен Србиновски прочитајте ја на порталот Zoom.mk)