Според поранешен амбасадор на САД во Турција: Ердоган помага на вооружена група поврзана со ПКК во нејзината борба со ИСИС

//

Поранешниот амбасадор на САД во Анкара, Џејмс Џефри рече дека Турција и лично претседателот Реџеп Таип Ердоган заземаат двојна позиција и конкретни активности по повод борбата на предводена од САД меѓународна коалиција против ИСИС во Сирија, пишува весникот “Џумхуријет”. За време на научна конференција во Вашингтон амбасадор Џејмс Џефри обрна внимание на “сојузничките односи меѓу САД и Турција, кои имаат големо значење, особено со оглед на тешките времиња во современиот свет”.
Според него, тоа се наметнува “независно од тензиите, што се појавија неодамна во билатералните врски и сериозните проблеми на Турција во областа на демократијата.”
“Во својата борба против ИСИС, САД ги поддржуваат група на сириските Курди, која е во врска со Курдската работничка партија (ПКК). Секојдневно Турција реагира силно против
ова. Но и покрај тоа голем дел од авионите што даваат поддршка на оваа група полетуваат од базите во Турција. Секој ден Ердоган лично дава дозвола за ова “, рече амбасадорот на САД, цитиран од “Џумхуријет”.



Претходна статија

Франција и Обединетото кралство ќе потпишат нов договор за мигрантите

Следна статија

Само ДУИ на собирот за Скендербег, другите партии го изигнорираа Ахмети

Најново од Вести