Стабилност на пензиите

Деновиве се случува една најавена, голема продажба на целосен удел во пензиски фонд. Трансакцијата се врши помеѓу моќни играчи на финансискиот пазар, од една страна НЛБ Тутунска Банка како досегашен  соптвеник на пензискиското друштво НЛБ Нов пензиски фонд кој управува со два приватни пензиски фонда, еден задолжител и еден доброволен. Од друга страна како купувач на целокупниот удел е Сава Осигурување преку својот бренд Сава РЕ. Но што значи оваа информација во светот на финансиите и во зашитата на правата на идните пензионери ? Дали се загрожени паричните удели на идните пензионери ?

Најпрво ќе го одговориме второто прашање – со категорично НЕ. Нема опасност за срествата и уделите на сите оние кои вложуваат и вложувале во задолжителниот и доброволниот столб досега управувани преку групацијата на НЛБ во Македонија. Парите се заштитени, вложени во различни хартии од вредност, чувани на посебни сметки, а во раководењето со нив увид има и МАПАС како одговорна Агенција за суервизија на работењето на друштва кои управуваат со пензиски фондови. Во тој поглед апсолутно срествата и уделите на сите идни и сегашни пензионери кои имаат удел во овие фондови се заштитени и нивната вредност се зголемува и ќе продолжи да се зголемува со исто темпо како досега без очекувања за поголеми очекуани промени во тој правец.

Што се однесува до финансиските пазари овде приказната е поинтересна, и би рекол пораздвижена. Најпрво, управувањето со пензиски фонд, особено од третиот доброволен столб, во македонски услови, каде најголем процент од населението не вложува во вавов вид финансиски иструменти е благо кажано, напорно, но и финансиски неплодно. Од тука можеби потребата на НЛБ групацијата да побара нов сопственик за овие фондови. Второ, радува фактот дека кај нас има моќен играч од осигурителниот пазар кој е способен да управува со срества и на осигурителниот пазар и на пензискиот пазар. Тоа значи дека ова друштво има доволно финансиски срества за потребите на своите осигуреници и клиенти и на двата пазари. Ако не би било така, не би била дозволена ни самата трансакција за продажба на овие два фонда, односно надлежните институции не би ја дозволиле. Пензискиот систем со три столба кај нас законски е добро поставен и поткован, стабилен и без проблеми изминатите 12 години, така да промени кои би преставувале удар за идните пензионери не би требало да бидат почуствувани.

Моќноста на финансиските компании од преспектива на државата како систем, говори дека е време да се олабават пазарите и законските норми, во поглед на ризиците на вложувања на срествата на граѓаните кои се одлучиле да во некоја од нив ѓи вложуваат своите срества. Поголем ризик, носи поголеми добивки, со тоа побогати граѓани, како краен инпут побогат буџет. Ваквата трансакција помеѓу овие два финансиски играчи на пазарот е се надеваме добар вовед во поголемо развижување на пазарите, поголеми вложувања и преземања, подобрени и поинветивно богати услуги за крајните корисници.

Се на се позитивни промени, кои можат да поткренат многу други играчи да носат храбри и иновативни одлуки на финансиските пазари. На крајот, нели финасиите постојат за животот да го направиме поинтересен ? Во секоја држава ваквата промена е вообичаена и секојдневна.

 

Автор: Благој Митевски- адвокат м-р по приватни финансии

Извор: Поглед