Стефанова: Софија е единствениот град во Бугарија без пешачки зони, ja има само улицата Витошка, што не е доволно
Софија е единствениот град во Бугарија без пешачки зони, ja има само улицата Витошка, што не е доволно. Работиме за нашиот стар град, кој ќе биде амблем на градот, и за Бугарите и за странците. Ова го изјави Мартина Стефанова, која е една од организаторките на иницијативата KvARTal пред Euronews Bulgaria.
Иницијативата KvARTal се одржува веќе неколку години во центарот на главниот град на Бугарија и има за цел да им вдахне „нов живот на старите куќи“, „да може да се спасат старите згради“ од пред 1944 година, воопшто да покаже што всушност била Стара Софија.
Мото на иницијативата е: „Стариот град на Софија – амблем на Софија“.
Повеќе за иницијативата KvARTal погледнете во видеото што следи:

