СТРАОТЕН СУДИР КАЈ ОХРИД: ПОЧИНА ЕДЕН ОД ВОЗАЧИТЕ

На магистралниот пат Охрид – Кичево вчера попладне околу 15:00 часот се случила кобна сообраќајна незгода во која животот го загубил еден од учесниците во несреќата.

Помеѓу селата Ботун и Климештани се случила тешката сообраќајка помеѓу возило со скопски регистарски таблици управувано од педесет и петгодишниот П.С од Скопје и патничко возило со скопски таблици управувано од дваесет и седум годишниот Д.П од Охрид.

Од повредите со кои се здобил во нереќата починал возачот П.С.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а телото на починатиот педесет и пет годишен маж е дадено на обдукција по налог на Јавен обвинител.