Стреланата култура
Пишува: Павел Борисов Македонски
Бугарите во Македонија отворија 2 културни клуба, кои ги вознемирија „нежните“ души на „тамошните“ граѓани. Зошто (?) отвораат вакви (културни) клубови, зошто им даваат такви имиња, уште една „бугарска“ провокација! Власта и главните политички партии се приклучија на дивото завивање како одговор, се појави уште еден бран вербални напади и поттикнувања за лични пресметки.
Ерго – како може да има такви (бугарски клубови) „кога нема бугари“… А што може да се очекува од активноста на културните клубови, освен тоа да ги развиват културните врски меѓу меѓу двата братски народи?
По пукањето и палењето на овие бугарски клубови, логично дојде и пукањето по самата култура во Македонија… Вчера беа откажани најавените гостувања на бугарската претстава Вражалец*! Иронично, претставите требаше да ги изведе театарската група Мелпомена* – музата на трагедијата во античка Хелада, прикажувана со венец од лозови лисја… Господата од Македонија решија ритуално да ја крунисаат со круна од трње, исто како што е опишано во најголемата книга! Како наредба за стрелање, за само неколку минути, како да се договорени театрите во Штип и Струмица, а потоа без објаснување и Битола ја стрелаа желбата на луѓето од двете страни на границата за култура, за комуникација, за смеа и забава! Бум бум бум! Хет-трик за антибугаризмот, хет-трик за дивјачките навики, хет-трик за простотилукот!
Стрелање, а по стрелањето – блокада. Блокада на умовите и срцата! Блокада која те смрзнува со нејзината омраза. Блокада, издигната на пиедесталот на антибугаризмот! За возврат на нашата љубов добивме бесна омраза. Лица искривени од злоба, пцовки на секој втор збор, исвиркување на бугарската химна… Лица кои го заборавиле и избришале своето прадедовско сеќавање, со маглата на заборавот ја прекриле својата вера, со свест избришана од секаква емпатија и хуманост…
Големиот Иван Вазов, внукот на Кирко Ајваза од село Јановени, Костурско, опишувајќи ја бугарската преродба во најголемиот бугарски роман „Под игото“ ја опишува театарската претстава Многострадална Геновева за време на османлиското иго… Што доживеавме во 2023 година, да ни се случи нешто што дури во османлиско време не се случувало. Властите во Република Северна Македонија ја стрелаа КУЛТУРАТА на начин на кој дури Османлиите не си дозволувале!!!
Но, имам една лоша вест, за тие што ги мразат Бугарите и Бугарија, во Република Северна Македонија – Бугари имало, има, а ќе ги има и во иднина! И ќе ги има!
* Вражалец е комедија на Стефан Л. Костов, чиј татко Лазар Костов бил учесник во народноослободителното движење во реонот на градот Разлог.
* Мелпомена (грчки: Μελπομένη) во старогрчката митологија е муза на трагедијата. Таа е ќерка на Зевс и Мнемозина. Често е прикажувана со венец од лозови лисја или листови од чемпрес, облечена во мантија, со трагична маска во едната рака, со меч или стап во другата ( како симбол на неизбежна казна за личноста која ја нарушува волјата на боговите).