| |

Сведоците

Пишува: Силвија Авдала, Израел

За добро да ги разберат тезите на Музејот на Холокаустот во Скопје, неговите посетители треба да обрнат посебно внимание на сведоците – оние фини стари луѓе чии интервјуа во експозицијата се проектираат на десетина монитори. Тие што ги преживеале трагичните настани од 1940-тите и што кажуваат тие? Жамила Колономос, Аврам Садикарио, Бено Русо, Роза Русо, Хаим Леви, Мориц Романо се блиски или далечни роднини на актуелниот директор на музејот – Горан Садикарио. Интервјуирањето прво на сопствените баби, за објаснувачки цели може да биде практично, особено ако сте решиле цврсто да ѝ служите на општата идеја за вината на „бугарскиот фашистички окупатор“. Еве што велат сведоците: „Бугарите се однесуваа со сите во Скопје како што се однесуваа Германците со Евреите во Полска“, „кога дојдоа Германците имаше надеж, но кога дојдоа Бугарите – стана страшно“, „не се осмелувавме да се покажеме надвор – Бугарите пукаа во месо“, „Бугарите ни ги депортираа сите роднини“, „ ни го ограбија целиот имот“ и „страшно настрадавме од бугарската окупација, затоа побегнавме кај српските партизани“.

По сите интервјуа, останува прашањето, дали преживеаните Евреи сè уште имаат причина да зборуваат на овој начин и дали има и трошка вистина во нивната приказна? Како Бугарија се однесувала со Евреите од т.н „нови земји“?
Факт е дека нема податоци за стрелани Евреи во Македонија и Беломорието – особено од бугарската администрација. Згора на тоа, позната е акцијата на секретарот во општината Скопје – Бугаринот Јордан Желјазков, кој на еврејската конзисторија ѝ сигнализирал за претстојната депортација и на тој начин 200 луѓе успеале да избегаат во Албанија, до старите граници на Бугарија или до српските партизански единици. Ноќта кога бугарските чувари одговарале за тутунскиот магацин во Скопје 64 Евреи заедно со нивните семејства биле ослободени со образложение дека се лекари, фармацевти, стоматолози и нивните семејства.

Неколку семејства биле спасени од бугарски полицајци. Затоа, во писмото во врска со депортацијата од Скопје, германскиот конзул Вите тврди дека како резултат на саботажата на бугарската администрација, депортираните Евреи се за 10% помалку од првично планираното. Иста е состојбата и во Беломорието, каде полковникот Цветан Мумџиев, кој ослободил 200 Евреи од Драма и Кавала. Тие биле мобилизирани за работна служба во старите територии, а пред самата депортација – ги ослободил на неопределено отсуство за да бидат сместени во семејства од Пловдив.

Сведокот Жамила Колономос е од Битола. Во 1941 година, германската армија ја најдува како член на младинската организација Ашомер Ацаир. Жамила брзо се ориентирала кон борбените групи помагајќи им на југословенските партизани. Кога две години подоцна била објавена депортацијата на Евреите, нејзиниот татко инсистирал таа да се крие бидејќи знаел за терористичките напади и активности против германските безбедносни пунктови во магацин за оружје. Нејзиниот сограѓанин Богоја Силјановски се понудил да ја однесе во неговата продавница за цигари, заедно со други девојки. На 7 април сите им се приклучиле на партизаните. Нејзиниот сопруг Аврам Садикарио е од истиот град. Депортацијата на Евреите го нашла во Софија, каде што го однел својот брат на лекување. Аврам решил да не се враќа во Македонија и останал кај едно софиско семејство. Во јуни, кога била издадена наредба Евреите од Софија да одат во провинцијата, тој го придружувал семејството до Плевен. Подоцна отишол во илегала, правејќи обиди да крене во воздух складишта за оружје, како и да ослободи затвореници. Кон крајот на 1944 година се запишува на медицина во Софија и се враќа во Скопје како дипломиран педијатар.

Сведокот Роза Русо – исто така битолчанка има можеби најмалку причини да плука по „бугарскиот фашистички окупатор“. Во 1943 година била фатена како учесник во терористичка група, судена и останала во софискиот затвор до септември 1944 година. Се вратила во родниот град, каде што се омажила за партизанот Бено Русо. Моминското презиме на Роза е Камхи. Нејзиниот вујко – Рафаел Камхи бил извлечен од возот во Солун, затоа што бугарскиот цар Борис издал декрет со кој му се дава бугарско државјанство, на инсистирање на дејци на ВМРО, а Камхи бил тогашен благајник на организацијата. Не е ни чудо што денес во Северна Македонија тогашната ВМРО ја сметаат за фашистичка организација. Сопругот на Роза, Бено, ја завршил Втората светска војна како генерал во Југословенската армија. Ја напушта армијата дури во 1980 година, кога Тито починал. Тој тврди дека по септември 1944 година истовремено се борел против Германците и Бугарите – под кои околности се случило тоа – останува мистерија.

Мориц Романо ги пречекува германските војници во Битола како член на Сојузот на југословенската комунистичка младина. Во 1942 година, за време на терористички напад, бил фатен, суден и испратен во затвор во Варна, каде што останал до септември 1944 година. Потоа се вратил во Скопје, каде што неговата биографија му ги дала сите погодности како партиски функционер – се до неговата смрт – во 2010 година.

Општиот поглед врз сите изложени сведоштва ги истакнува и нивните заеднички карактеристики – тие не се само роднини и сограѓани. Сите се дел од југословенскиот партизански отпор, природно и Комунистичката партија. Меѓу нив има и еден кој признава дека бил пуштен онаа ноќ од бугарското обезбедување во тутунскиот магацин во Скопје…. затоа што лажел дека е доктор. Меѓу сведоците нема кој да ви каже како биле пречекани бугарските војници во Скопје како ослободители.

До екраните во музејот нема да стигне интервјуто со Сами Рафаел, на пример, чиј татко Леон е исто така активист на ВМРО, а мајка му е Еврејка од Ниш, која успеала во Софија за време на војната, макар и во тешкотии, да ги воспита не само своите деца, туку и децата на својата почината сестра. До крајот на својот живот Сами беше исклучително благодарен за непроценливата шанса да живее во Царство Бугарија. Меѓутоа, музејот очајно ги чуваат во тајност уште една категорија сведоци – преживеаните македонски Евреи и нивните наследници, кои никогаш не се согласиле да плукаат по бугарската администрација во име на целата еврејска заедница. Тие исто така беа категорично против грдата зграда со големина на трговски центар наречена Музеј на Холокаустот да биде изградена на нивниот имот.

Слични Објави