ТЕНДЕРСКАТА ПОСТАПКА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ВО ДОЛНО ЛИСИЧЕ Е ВО ТЕК
Општина Аеродром информира дека веќе се обезбедени средства за целосна реконструкција на патот во Долно Лисиче, според високи меѓународни стандарди. Општината е во постојана комуникација со Јавното претпријатие за државни патишта, под чија надлежност е регионалниот пат Јурумлери – Драчево.
По реакцијата на жителите од Долно Лисиче, би сакале уште еднаш да истакнеме дека ја разбираме итната потреба од реконструкција на овој пат. Целта на проектот на кој активно се работи е трајно да се реши проблемот на локалното население и на сите кои го користат патот Јурумлери – Драчево. Токму затоа, самиот проект, предвидува градежни активности и материјали кои се според високи меѓународни стандарди.
Тендерската постапка е во тек и се очекува да заврши до средина на август. Сите предвидени активности ќе се реализираат во најбрз можен рок.