| | |

Треба да бидеме активни и да го следиме идеалот на Ванчо Михајлов

Пишува: Атанас Величков

Бугарија и РС Македонија веќе полни 3 години се земји-сојузнички во НАТО. Ако Центарот што раководи со одредени структури во власта и со речиси 90% од опозицијата дозволи официјално Скопје да ги започне суштинските преговори со Европската унија, за некои 10-15 години од сега РС Македонија ќе ѝ се придружи на Бугарија и во тој сојуз на држави.

Дозволете ни, да не бидеме космички оптимисти и да не веруваме во мантрата дека РСМ во ЕУ до 2030 г. е остварлива цел. Ќе биде потребно повеќе време, а Бугарите и тие македонските и оние од „старите“ предели нема да можат вечно да бидат користени како алиби за неспособноста на македонската политичка елита. Интересните настани ќе се случуваат токму тогаш. Во Брисел и сега никому не му е гајле за „бугарските“ проблеми на Скопје, а тогаш, тогаш ни изјавите искажани со победнички тон од страна на политичари од ковот на Маричиќ нема да вршат работа. Никоја од големите телевизии нема да ги бара ниту „аналитичарите“ од Кружокот на софиските македонисти, за да го тешат и бодрат македонското граѓанство дека на Европа ѝ е дојдено преку глава од „живковистичкиот национализам на Бугарија“. Темите ќе бидат сосема поинакви. Токму од тоа се плашат „патриотите“ од власта и од опозицијата, кои ќе го изгубат својот најголем адут антибугаризмот и ќе мораат навистина да покажат државнички капацитет.

Поентата во целата таа бурлеска е ние македонските Бугари да собереме сили и да го издржиме притисокот. Да останеме со гордо кренати глави и да не попуштаме со духот. Да бидеме активни!

Јасно е дека „елитата“ овде и во иднина ќе се обидува да „држи високомерен тон“ кон „сојузниците“ во Софија. Да ги повикува да го признаат т.нар. „македонско малцинство“ во Бугарија и слични глупости, кои се корисни само за пред домашната публика. Ќе продолжат да се пишуваат и текстови против клетите бугарски фашисти, кои сакаат да ги задушат од љубов, мирољубивите и толерантни Македонци, но и на таа појава ќе ѝ се види крајот и истиот ништо чудно да се совпадне со впишувањето на македонските Бугари во Уставот на РСМ. Нема да биде толку едноставно да се оцрнува цел еден народ така јавно, кога дел од овој народ има уставно загарантирани права. Права кои не се наменети за граѓани во одредбата „други“.

Јасно е дека, ние, кои не влеговме во хорот плукачи на Бугарија, сме и ќе бидеме објект на игнорирање, девалвација, стигматизација и дискриминација, но тоа е дел од играта и мораме да останеме со ладни глави. Треба да бидеме активни и јасно да ги искажуваме нашите ставови и по прашањата што се однесуваат на политиката на Бугарија во однос на нас и во однос на политиката што РСМ ја води со цел таквите како нас, што поретко да се појавуваат во јавност, со цел да не се бранува мирното титовистичко езеро, во кое никако да се избели белото македонистичко платно. По тоа платно, стојат трагите од сите што биле убиени, затворени и уништени затоа што биле Бугари и ние не треба да дозволиме истото да биде избелено. Оние пред нас, не го заслужуваат тоа, а ние немаме право да молчиме.

Револт кон „меката“ политика на Бугарија секогаш имало и секогаш ќе има. Тоа го разбираме и од зборовите на Владимир Перев, дека сите проблеми за нас македонските Бугари, доаѓаат од Софија, но од таму доаѓа и единствениот зрак надеж за нас и ние не треба со лесна рака да го затемнуваме.

Последниот чин од претставата „Ако си Бугарин, оди си во Бугарија, што седиш овде“ се одвива пред нашите очи. Наша задача е да бидеме активни чинители и да го следиме идеалот на Ванчо Михајлов, оти ако го немаше тој идеал, меѓу нас Македонците како Гоце, Даме и Тодор и Македонците како Миленко и Чепреганов одамна немаше да има разлика. Таа разлика е многу важна и не е само прашање на идеологија. Многу подлабока е поделбата, а таа поделба не заборавајте дека, не ја направивме ние.



Слични Објави