ТРИПУНОВСКИ: АПЛИКАНТИТЕ ЗА „МЛАД ЗЕМЈОДЕЛЕЦ“ ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ЧЕКААТ ОДГОВОР ЗА ГРАНТОВИТЕ

/

Младите земјоделци апликанти за мерката млад земјоделец која платежната агенција ја објави уште во октомври 2018 година, веќе девет месеци чекаат одговор дали се избрани или не за грант од 10.000 евра, изјави Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако власта со објавувањето на огласот во дневниот печат се обврзала одлуката да ја донесе во рок од три месеци, сега и по цели девет месеци од објавувањето на повикот немаме никаков епилог, вели Трипуновски.

Тој истакна дека стотина можеби и илјада млади земјоделци се во неизвесност и не знаат како да ги распоредат планираните средства за инвестиција.





Претходна статија

СКОПЈЕ1: ЧЕТИРИ ПОЛИЦАЈЦИ ГО ОБЕЗБЕДУВААТ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОХРИД КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕВСКИ

Следна статија

МОНИКА РИСТОВСКА ОСУДЕНА НА 1 ГОДИНА ЗАТВОР ЗА 14 ГРАМА КАНАБИС

Најново од Вести