Украинската армија „сака да ги врати сите територии“, но таков обид на Украина би бил „многу тежок“, сметаат западните експерти
Рускиот претседател Владимир Путин се надеваше дека ќе ја освои Украина во десет дена. По девет месеци, тој се соочува со сериозни проблеми на териториите кои успеа да ги освои. Сега, моментумот е на страната на Украина, откако силите од Киев успеаја да направат две битни контра-офанзиви, на северо-источниот дел околу Харков и на југот кај Херсон, кои на крајот завршија со минимална загуба и максимален триумф, објави Слободен печат, пишува познатиот британски неделник „Економист“.
Но, тие победи сега го поставија прашањето кое би можело да значи дополнително понижување за Русија. Последниве успеси на Украина сега може да ги поттикне за нивна понатамошна офанзива кон ослободување на веќе одземените украински територии, како Крим, кого војската на Владимир Путин го анектираше во 2014 година.
Во интервју објавено минатата недела, украинскиот претседател Володомир Зеленски најави дека украинската армија „сака да ги врати сите територии“.
Но, западните експерти стравуваат дека таков обид на Украина би бил „многу тежок“, пишува „Економист“.
Украинските команданти се многу претпазливи околу следните чекори на армијата.
„Ако ги нацртаме нашите планови на социјалните мрежи и на телевизиите, нема ништо да постигнеме“ вели Михаило Забдорски, поранешен командант на украинскити воздушни сили.
За Забдорски, враќањето на Крим во моментов не е возможно, а доколку Киев сака нешто такво, мора да го планира за во 2023 година. А кога би започнала таква операција е уште едно тешко прашање. Но, според него „историјата секогаш покажала дека задржувањето на Крим е многу тешко“.
Според информациите на британскиот весник, можноста за украинска офанзива на Крим „не се исклучени“. Патиштата кои ги носат Украинците до Крим сега се во опсег на ракетните системи ХИМАРС, кои им предизвикуваат голема главоболка на руските сили откако летово пристигнаа како помош за Украина од западните сојузници.
Експертите сметаат дека засега Украина ќе се фокусира на другите области. Но напади слични на оној на Кримскиот мост, не можат да се отпишат. И самите Руси го знаат тоа, затоа и решија да ја зајакнат својата одбрана, потсетува „Економист“.
„Докажавме во секоја фаза дека нашите тактики и фокусирање на логистиката се точни. Ќе го покажеме повторно“, вели украински извор за британскиот весник.
Многуте битки за Крим низ вековите им даваат на Украинците многу сознанија. Руската анексија, која во голема мера заврши без крв во 2014 година, при која животот го загубија само двајца украински војници, не е типичен пример за она што всушност може да се случи.
Воените операции на Крим најчесто завршуваат со илјадници мртви: само во минатиот век стотици илјади паднаа пред портите на островот, првенствено во руската граѓанска војна и Втората светска војна. Патот кон Крим секогаш ќе биде крвав.