Владата на Мицкоски го слави српското освојување на Македонија
Насер Селмани
Солидаризирањето на владата на Мицкоски со одбележување на годишнината од Кумановската битка, од 24 октомври 1912 година меѓу српската и османлиската војска, значи славење на повторното освојување на Северна Македонија од страна на Србија.
На овој настан, во име на владата присуствуваше заменик-премиерот Иван Стоилковиќ, како и рускиот амбасадор во Скопје, Сергеј Баздникин. Според соопштението на руската амбасада, Баздникин бил поканет токму од Стоилковиќ.
Кумановската битка може да се смета како победа за словенското населние од Северна Македонија само ако се прифати дека тие се етнички Срби или ако војната се толкува како религиозна – како „ослободување“ на православните од османлиското владеење. Но, мнозинството православни Македонци не се чувствуваат Срби; сепак, јасно е дека владата на Мицкоски се обидува на етничките судири со Албанците да им даде религиозна нијанса.
Не е случајно што во 2024 година Мицкоски го предложи Африм Гаши, политичар кој манипулира со политичкиот ислам, за „прв албански премиер“, како противтежа на Талат Џафери. Исто така, не е случајно што албанските партии кои кокетираат со политичкиот ислам, како Беса и Алтернатива, секогаш се дел од македонските влади, без разлика дали на власт е левицата или десницата.
Ова покажува дека македонската политика кон Албанците не е ни пријателска, ни европска, туку наликува на непријателската политика на Вучиќ кон Албанците.
Мицкоски изгледа дека игра на „верската карта“, настојувајќи да се прикаже како заштитник на словенските христијани од „опасноста“ што доаѓа од муслиманите што зборуваат албански, со надеж дека така ќе добие симпатии на Запад, но заборава дека Албанците со турска вера ги има во својата влада и ги користи против Албанците со албанска вера, какви што се мнозинството од Албанците.
Играта на Мицкоски е опасна бидејќи е иста со онаа што ја проба Милошевиќ во 1999 година и не успеа, кога НАТО ја бомбардираше Србија поради геноцидната политика против Албанците.
Мицкоски треба да разбере дека албанштината не ја претставуваат партиите со турска вера, како партијата на Билал Касами и партијата на Африм Гаши, туку тоа е поширок национален концепт.
Албанците имаат држава членка на НАТО – Албанија, лаичка држава со про-западна ориентација, и независно Косово кое е заштитено од НАТО од можна српска агресија.
Легитимно е Мицкоски да бара излез од меѓународната изолација, но неговата грешка е што верува дека со одбивањето на уставните измени ќе ја промени позицијата на Европската Унија.
Тој бара гаранции дека по уставните измени нема да има нови барања од Бугарија, додека следниот чекор според Преговарачката рамка е отворањето на досиејата од комунизмот.
Зошто премиерот се плаши од овој процес, кога сите земји членки на НАТО и ЕУ одамна го имаат поминато? Што сака да сокрие?
За да ги прикрие своите неуспеси во надворешната политика, Мицкоски промовира лажна верска агенда, наводно за заштита на словенските христијани од „опасноста што доаѓа од Албанофоните со турска вера“.
Но, овој експеримент е премногу опасен и може да предизвика непредвидливи последици во албанско-македонските односи.
Ако тие последици се случат, вината нема да биде кај Албанците, туку кај погрешната, антидемократска и антиевропска политика на Мицкоски и на македонскиот естаблишмент.
Во политиката, грешките се плаќаат скапо, затоа Мицкоски треба да мери трипати и да сече еднаш.


