| |

ВЛАДАТА СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАЛАТ СТРНИШТА- СЕ ВРШАТ ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ

Владата на Република Северна Македонија најостро го осудува палењето на стрништа или оган на отворен простор кои предизвикуваат пожари, и воедно упатуваме апел дека институциите редовно ги следат сите локации низ земјава со цел да се превенираат предизвикани пожари.

Потенцираме дека лица кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор и кои предизвикуваат пожари поради палење на стрништа, ќе подлежат на законски санкции.

Воедно, од страна на Министерството за внатрешни работи во 2019 година, за предизвикани пожари поднесени се 8 кривични пријави за сторени 8 кривични  дела „предизвикување на општа опасност“ против 8 сторители, се вели во соопштението на Владата на Република Македонија.



Слични Објави