Во бугарскиот град Плевен се чува една од најстарите вински колекции на Балканот
Туристичката маршрута „Магијата на плевенските винари“ ќе ги запознае посетителите со историјата, производството и дегустацијата на вината од Плевен, Бугарија. Според организаторите, станува збор за прво вакво туристичко доживување посветено на локалната винска традиција, јавува БНР.
Важен дел од винската историја на градот е Институтот за лозарство и винарство, основан во 1902 година како државна експериментална станица. Неговото создавање било поттикнато и од кризата предизвикана од филоксерата, која кон крајот на XIX век уништила огромни лозови насади во Европа.
Плевен бил избран по препорака на професорот Пјер Виала од Парискиот земјоделски институт, кој го оценил регионот како погоден за научната станица.
Научниците во Институтот создале повеќе од 45 нови сорти грозје, меѓу кои „Сторгозија“, „Кајлашки рубин“ и „Трапезица“. Неговата генетска колекција содржи 1.865 култивирани сорти винова лоза, а експерименталната винарска визба чува една од најстарите вински колекции во Бугарија и на Балканот.
