ВО РОВОТ Е ТЕМНО И НЕ СЕ ГЛЕДА БРАТОТ
Инсталациите што најмногу плукаа, шиканираа, водеа хајки сега се најзагрижени за односите со Софија? Дајте бре, не пиеме сите вода. Една кофа аргументи дадовте, еден куп поводи и причини… Кажано беше како се разговара со брат, нели? Иако не сум согласен со вето за одпочнување на преговорите, целиот фокус треба да е насочен кон инсталациите што прават тензии и пропаганди. Вина имаат и двете страни. Личните битки, не треба да се над државните и геополитичките игри. Има начин, има како да бидеме победници и Скопје и Софија, но премногу инсталации има, премногу на патот до нормализирање. Треба вештина, ум и малку среќа… Во ровот е темно и не се гледа братот, а во мракот и ровот успеваат само инсталациите и мрежите…
Автор: Александар П.