ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ ХИПОДРОМ ТЕШКО ПОВРЕДЕН 53-ГОДИШНИК ОД КРИВА ПАЛАНКА
Во близина на пешачкиот надвозник во населба Хиподром, на булеварот „Александар Македонски“, во утринските часови на 16 март се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „рено мастер фриго“, управувано од 42-годишник од Велес и автомобил „опел корса“, со кумановска регистрација, управуван од 36-годишник од селото Петралица, Крива Паланка.
Во незгодата со тешки повреди се здобил сопатникот во автомобилот, 53-годишно лице од селото Огут, Крива Паланка.
Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а на местото на настанот бил извршен увид од екипа на СВР Скопје.
