ВОЗ УДРИЛ ВО АВТОБУС ВО ПАКИСТАН, НАЈМАЛКУ 19 ЗАГИНАТИ

//

Најмалку 19 луѓе загинаа, а десетици се повредени кога во автобус полн со патници удрил воз во јужната пакистанска провинција Синд. Официјален претставник на железницата соопшти дека несреќата се случила во близина на округот Рохри, околу 470 километри северно од Карачи на необележан премин. Сите загинати се патници од возот.

Најмалку 55 луѓе се повредени, изјавиле за АФП локални власти, според кои некои од повредените се во критична состојба.

Во тек е истрагата за причините за несреќата.





Претходна статија

НЕМА ДА ИМА ПРЕКИН ВО РЕЕМИТУВАЊЕТО НА ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИ ТВ КАНАЛИ

Следна статија

ОДЛОЖЕНИ СИТЕ ПРЕТСТАВИ ВО КУМАНОВСКИОТ ТЕАТАР ДО 6 МАРТ

Најново од Вести