ЗА ДА УСПЕЕТЕ ВО ЖИВОТОТ ТРЕБА ДА…

Коефициентот на интелигенција не е судбина. Истиот не го предодредува личниот напредок. Материјалните услови што ги обезбедува семејството исто така не го прават тоа. Карактерот е најважен за успехот на еден човек. Ова се наведува во книгата „Како успеваат децата“, американскиот новинар Пол Таф. Авторот ги опишува студиите во процесот на едукација и развој на учениците. Тој поминува многу време со деца од ризични групи, деца кои потекнуваат од крајно сиромашни семејства и деца кои живеат во услови на семејна дисфункција. Тој обрнува внимание на мислењето на психолозите, педагозите и научниците, обидувајќи се да ги пронајде и да ги истакне карактеристичните квалитети кои водат кон позитивен развој во животот на децата. Врз основа на сите овие податоци и тврдења, тој смета дека најголем предуслов за успех во училиште, во работата и дома е присуството (или отсуството) на одредени особини на карактерот.

Според него, меѓу најважните квалитети во ликот на успешната личност се: Упорноста, самоконтролата, умешноста во потребата да се постигне одредена цел, ентусијазмот, совесноста и секако оптимизмот. Таф забележува дека карактерот за разлика од физичките и ментални способности не може лесно да се  моделира.  Квалитетите потребни за да се изгради една успешна личност, можат да бидат „внесени“ кај децата преку образовниот систем. Пол Таф е убеден дека преку соодветни педагошки методи, може да се создадат генерации на значително поуспешни луѓе и покрај фактот што тие можеби нема да имаат висок коефициент на интелигенција или материјална подлога.

Слични Објави