ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА И НОВИТЕ СЛУЧУВАЊА

//

Видете ,работата е повеќе од сериозна кога најголеми успеси се достигнувањата во меѓународната политика, каде секако во главна улога се странските советници.
Ова со “добрата меѓународна политика” ми е мене изгледан филм уште од 2005/6 кога сум бил и индиректен чинител.

Заради изгледаниот филм,а после 11-те години владеење на Груевски поврзани со сите неверојатни лоши случувања ,многу често и посебно предупредував дека работата и не оди баш во добра насока.
И сега тврдам дека работата не оди во добра насока.
2005 /6 заради немање сила на Бучковски,оној таленат Никола Поповски требаше да биде сметен во секундата. Него го сметам за еден од нај заслужните за доаѓањето на Никола Груевски на власт.
Зоран Заев одлучи да игра крупно и да го смени Тевдовски кој веројатно почнал внатрешно да наликува на Никола Поповски. Јас за ова не знам.


Знам дека после 11 години владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, последните избори, заедно со референдумот беа со поразителни резултати. И тие што се најмалку криви за тоа (има и виновни ) претседателите на СДСМ беа сменети. Оние кои постизборната навалица на консумери ја амортизираа, колку -толку.
Доколку се направи анализа на поразот, најмалку се виновни претседателите на СДСМ во општините ( некаде од нив има и виновници но тоа е мал број).
Министрите и директорите ги има виновни во поголем број од претседателите на општинските. Далеку повиновни и во поголем број.

Сега влегуваме во реконструкција на владата која би е нарекол –мала владина криза. Лобистите за оние 700 пријавени кандидати за локални преседници ја доотепаа работата одвнатре..

Останува деновиве малку да се дооформи работата.Но дали има место за оптимизам … не знам
Не верувам дека рокот на траење на оваа влада ќе е подолг од 6 месеци…

Се работи за незнаење и лоши партиски стратегии.Не, не е виновен ДУИ за се и сешто … Оваа влада има поддршка од 61 пратеник за многу битни измени.
Дали сум или не сум во право..небитно.. За Македонија се работи на крајот,а секако до денес… никој и не ме есапел што зборувам…



Ама машки си кажувам без пардон.

П.С Ич да не ме есапите,ако мислите дека сум груб ,многу се лажете… јас сум невообичаено фин.

Автор: Даме Чкатроски, политички аналитичар



Претходна статија

ПЛУС ИНФО: ДЕМОНСТРАНТИТЕ ПРЕДВОДЕНИ ОД БРАТОТ НА ЕЛ ЧЕКА НЕ СТАСАА ДО СЕДИШТЕТО НА ДУИ

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: АТАНАСОВ ПРИЗНА ОДГОВОРНОСТ ЗА НЕУСПЕХОТ НА СДСМ

Најново од Истакнато