Зa што се боревме?
Многу сум лута на себе. Се чувствувам изневерена, изиграна, измамена и безнадежно наивна. Како мало дете, кое спротивно на сопствениот темперамент, се труди да биде мирно, да не прави бељи, да учи, да биде послушно, да дава сѐ од себе и… на крај да не го добие ветеното или очекуваното. Или како возрасен човек кој го напушта комодитетот на сопствениот дом и професијата која ја сака, да се фати во костец со еден авторитарен режим и, својата личност, чест, гордост и достоинство да ги стави на подбив на разни курирци и ним слични, да го заокружуваат неговиот лик на фотографиите од протестите, да му чепкаат во интимата, да му се закануваат со пораки, да биде во постојан конфликт со средината, да му се налутат роднините, да изгуби другари, да си го напушти раатот, а на крајот да не го добие она што го барал – чесна власт, која ќе испорача слобода, правда и демократија.
Дечки од СДСМ, за што се боревме? За пратенички патни трошоци од по илјада евра месечно? За едни исти луѓе да запоседнат во по неколку управни и надзорни одбори со паушали од по 200/300 евра? За директорски места по јавни претпријатија наменети за партиски кадри, чија единствена гаранција за компетентност и стручност е партиската книшка?… (Прочитајте го целиот напис овде)

