Македонија, Северна Македонија е на поправен испит и не би требало да ја повтори грешката
Facebook статус на Ивон Величковски
1. Нудејќи модел, ВМРО-ДПМНЕ се согласува на уставни промени.
Референдум по барање од Мицкоски нема.
Oh wait, ниту од Апасиев.
Значи убедливо политичко мнозинство Северна Македонија ја гледа интегрирана и во НАТО и во ЕУ и во тоа мнозинство спаѓа и (дел од) ВМРО-ДПМНЕ.
Со одлука на нејзиното раководство, на нејзините пратеници или на раководството и пратениците заедно. Се надевам третото.
2. Рамковна и унитарна Северна Македонија или Дејтонска федерација на Република Македонска и Република Илирида.
Низ трите уставни етапи на НРМ/СРМ, Уставот минува од моно-етничка проектираност кон мулти-етнична реалност.
Интересно, и Македонците и немакедонците напредуваат економски, културно и политички, лично и колективно се додека на рамноправност инсистираат – Македонците
Од втората половина на 1980-тите и 1990-тите, скопските факултети Правен, Економски, Филозофски, како и Комора, СКМ, ССРНМ, ССММ беа распоредувани низ партиите и медиумите за политика на македонски дефетизам во функција на:
– српскиот свет во југословенски шинел, преку
– држење на СРМ неподготвена за независност, а потоа
– држење на ПЈРМ и на Македонците во антагонизам кон Албанците и Бугарите и со тоа далеку од ЕУ.
Пресликано денес.
Истата клика го прави обидот за назадување на личните и колективните етнички права како во ноември 1991.
ПЈРМ се врати на политиката и академиката на Ранковиќ, па 17 ноември 1991 беше само вовед во 2001.
Евроатланска Северна Македонија нема луксуз да ги повтори грешките.
3. ВМРО-ДПМНЕ, но и СДСМ сега треба да се определат: Го отфрлаат ли Рамковниот договор?
Оти со тоа ги отфрлаат уставните измени од 2001 со кои ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ја корегираа грешката од 1991?
Пред определување се и ДУИ и АА.
И секако, нека внимаваат сите: “хрватски модел” по паметот на скопската професура и параполитика ем ќе ја федерализира Северна Македонија, ем од Македонците ќе направи Северномакедонци.
Што од нас не го бара никој.
Значи сега ќе се види кој за инает на “Шиптарите и Татарите” ќе го брани југословенско Скопје – до последен Македонец.
Низ уставни пренемагања и подметнувања.

