TЕРИ БОДЕ: БЕЗ НАЦИОНАЛЕН СУВЕРЕНИТЕТ ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ ВО СРЕДНИОТ ВЕК
Серии на крвави конфликти се случиле низ Западна Европа помеѓу 1500 и 1650 година. Англија се соочуваше со различни граѓански војни, што доведе до тиранско владеење на Оливер Кромвел, Франција претрпе илјадници масакри, егзодус на прогонетите протестанти и убиството на францускиот крал Анри IV во 1610 година. Холандија се вплеткала во Осумдесетгодишната војна со Шпанија, додека конфликтите во Германија кулминираа со Триесетгодишната војна, при што се проценува дека една третина од нејзиното население загинале.
Продолженото крвопролевање било резултат на преклопувачките, конфликтни јурисдикции кои биле карактеристични за средниот век и кои станале неиздржливи во современиот свет. Кралевите и благородниците живееле во состојба на постојана конкуренција околу тоа кој ќе ја поседува моќта за донесување одлуки. Црковните и световните владетели постојано спореле за тоа кој треба да го има последниот збор.
Значаен број католички верници го доведувале во прашање авторитетот на секуларните владетели. Независните градови, провинции и поседи исто така почнале да се натпреваруваат еден со друг. Благородниците биле подложни на исти правила како студентите, земјоделците или членовите на еснафите. Политичката структура се преклопувала и била многу слоевита. Ниту една институција го немала последениот збор.
Од Жан Боден во Франција до Јоханес Алтузиус во Германија, од Хиг де Грот во Холандија до Томас Хобс во Англија, мислителите во секоја европска земја дошле до заклучок дека единствениот начин да се стави крај на бескрајната војна е да се воспостави централизирана, територијална јурисдикција. Ова го означува преминот од средниот век до модерниот свет.
Една организација беше назначена со овластување за одржување на редот во јасно определена област. Од населението ќе биде побарано да се заложи за послушност кон таа моќ. Религиозните, регионалните или класните врски требаше да станат потчинети на лојалноста која сите мораа да ја имаат кон државата.
(Целата колумна прочитајте ја на www.conservative.mk)
