СУДОТ ОТКАЖА ДА ГО ТРГНЕ НАТПИСОТ “IN GOD WE TRUST“ ОД ДОЛАРОТ
Судот во американската држава Минесота го отфрли барањето за отстранување на фразата „Во Бога веруваме” од банкнотите и кованите пари во САД.
Според агенцијата, група атеисти се обратиле до судот со вакво барање. Тие изјавија дека фразата „Во Бога верувме“ на доларот ги нарушува слободата на говорот и правото за религиско определување и е во спротивност со првиот амандман од Уставот на САД, според кој Конгресот нема право да поддржува ниту една религија.
Сепак, судот во Минесота не се согласува со овие аргументи, истакнувајќи дека фразата „Во Бога веруваме“ на доларот одговара на „раното разбирање на оваа фраза и значи забрана за Конгресот да донесува закони со кој би се воспоставила државна религија“. Како што е наведено во одлуката на судот. Самото присуство на оваа фраза не ги принудува граѓаните на земјата да практикуваат било какви верски обреди.
На доларните монети, натписот „Во Бога веруваме” првпат се појавил во 1860-те за време на Граѓанската војна. Од средината на 1960-тите почнале да се печати и банкноти. Покрај тоа, во 1956 година американскиот претседател Двајт Д. Ајзенхауер ја прогласил фразата „Во Бога веруваме” за национален слоган на земјата.

