| |

Десет странски телевизии меѓу кои и Би Би Си користеле снимки од БНТ за пречекот на посмртните останки на цар Самуил

Десет странски телевизии, меѓу кои и Би-би-си, користеле снимки од Бугарската национална телевизија (БНТ) за известување за пречекот на посмртните останки на цар Самуил во Бугарија, соопшти БНТ.

Материјалите биле емитувани во информативните емисии на јавните телевизии во Северна Македонија, Германија, Велика Британија, Полска, Швајцарија, Белгија, Естонија, Франција, Романија и Ирска.

Според БНТ, вонредната студиска програма ја следеле 800.000 гледачи, а содржините на нејзините дигитални платформи достигнале четири милиони прегледи.

Тимот за меѓународна размена на БНТ во текот на изминатата недела доставил 11 репортажи за пречекот на останките во Софија преку системот на Европската радиодифузна унија (ЕБУ).

Во Полска, Швајцарија, Франција и Велика Британија прилозите биле прикажани на повеќе од еден канал на јавните телевизии. Во Обединетото Кралство, снимките од церемонијата во центарот на Софија и од посмртните останки биле вклучени во емисиите на седум канали.

БНТ во саботата реализирала и два директни преноса преку системите на ЕБУ. Првиот, од изнесувањето на останките од музејот во Солун, траел еден час и осум минути.

Вториот пренос траел три часа и 27 минути и ги опфатил слетувањето на авионот со посмртните останки, нивниот превоз до центарот на Софија, говорот на премиерот Радев, поворката до црквата „Света Софија“ и богослужбата во храмот.

Слични Објави