|

ДА СЕ БИДЕ САМ, Е ДА СЕ БИДЕ САМ ПРОТИВ СИТЕ ИЛИ САМ ЗАРАДИ СИТЕ ?!

Во книгата Политика глава „Бета“ славниот антички филозоф Аристотел потенцира: „Човекот е социјално суштество, а оној што може сам е или Бог или ѕвер“. Одговорот е многу едноставен, оној што е сам може да е вреден за навреда дека е ѕвер и дивљак, но секогаш постои можност и да биде Бог (во преносна смисла секако).

Корона вирусот не научи дека изолирањето во што помали групи, а најдобро ако сме сами во одреден дијаметар, успешно го спречува ширењето на вирусите. Социјалната дистанца има многу предности, а самотијата е единствениот успешен метод во борба со корона вирусот.

Бивањето сам не само што не ве прави да сте осамени и несреќни, туку и ви носи многу предности.

  • Прво имате време целосно да се посветите на себе, а секој проект посветен на „сам од себе да се направи нешто“ е паметна инвестиција.
  • Второ, имате шанса да се запознаете себе си, да се прифатите, да си ги знаете точно своите маани и доблести и да не се чувствувате лошо што сте баш такви какви што сте, туку да развиете здрава љубов и однос кон себе и да сте благодарни што сте баш тие што сте.
  • Трето, добивате прилика да стекнете апсолутно ниво на независност во однос на туѓото, другото и надворешното влијание. Просто имате право на тоа да бидете свои, да зборувате гласно, да имате ставови, вкусови, имате право да ви се допадне или не нешто, имате право да му се допаднете или не на некој, едноставно не е наша грижа како другите не доживуваат, но и тоа како е наша грижа да развиеме доволно ниво на емоционална, аналитичка и вербална интелигенција и да можеме да препознаеме какви доживувања ни предизвикуваат нам другите и поради што е тоа така.

    Целиот текст на Магдалена Стојмановиќ прочитајте го на www.veritas.mk

Слични Објави