БУГАРСКО- МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ „НАСОКИ“ ВО CINEPLEXX СКОПЈЕ
Филмот „Насоки“ е копродукција меѓу „Арго Филм“, Бугарија, „Актис Филм“, Германија, и „Сектор Филм“ од Македонија. Финансиски филмот е поддржан од Бугарскиот национален филмски центар, Регионалниот филмски фонд МДМ, Агенцијата за филм на Република Македонија, како и Европскиот филмски фонд „Еуримаж“. Филмското остварување „Насоки“ e филм на бугарскиот режисер Стефан Командарев. Покрај режијата на филмот, Стефан Командарев се потпишува и како сценарист на ова остварување, заедно со младиот талентиран драматург Симеон Венциславов.
„Насоки“ е современа драма чие дејство се одвива во рамките на 24 часа, каде во шест такси возила се испреплетуваат судбините на група луѓе – херои од сегашната балканска реалност. Во тоа деноноќие сме сведоци на некои од реалните проблеми, па дури и апсурди на денешното општество на овие простори. Преку очите на таксистите и клиентите низ улиците, полека ја насетуваме шареноликоста на секојдневието, дури и со своите најтемни нијанси. Поединечните приказни се обединети од една смрт, која сепак ќе даде шанса за нов живот.
Филмот имаше голем успех и беше дел од официјалната конкуренција на фестивалот од А категорија, во конкуренцијата на престижната програма „Извесен поглед” / “Un Certain Regard” на Канскиот филмски фестивал минатата година.
Филмот „Насоки“ се прикажува во Cineplexx киното во City Mall во Скопје. Започнува денес, и ќе се прикажува секој ден се до среда 13 јуни 2018, во термин од 16:00 часот.
Цената на билетите изнесува во редовниот киоепертоар изнесува:
220 денари – понеделник, среда и четврток
180 денари – вторник
250 денари – петок, сабота, недела и празник
