Српскиот амбасадор во Софија Желко Јовиќ беше повикан во МНР на Бугарија по постапката на српските власти против бугарскиот интелектуалец Едвин Сугарев
Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Србија во Софија, Желко Јовиќ денеска беше повикан во Министерството за надворешни работи од страна на генералниот директор за европски прашања, Јордан Прванов, јавува бугарското МНР. Повод е запирањето на истакнатиот бугарски интелектуалец и јавен деец Едвин Сугарев да влезе на територијата на Република Србија на 8 ноември 2023…
