ПОМИНАА 56 ГОДИНИ ОД ОНИЕ ПЕКОЛНИ 20 СЕКУНДИ, КОИ МУ ДАДОА ШАНСА НА СКОПЈЕ ПОВТОРНО ДА СЕ РОДИ
Утрото во 5:17 часот, на денешен ден пред 56 години, катастрофален земјотрес го погоди Скопје и го одзеде животот на околу 1.100 луѓе, 3.000 граѓани биле повредени, а без дом останале околу 200.000 жители на главниот град на Македонија. Земјотресот од 26 јули 1963 година е една од најкатастрофалните природни непогоди што го погодила Скопје…
