(Видео) АЕЦ „Козлодуј“: Петтиот блок работи нормално и покрај намалената моќност, има резервни капацитети и нема проблеми со струјата
Моќноста на петтиот енергоблок на АЕЦ „Козлодуј“ е превентивно намалена од 100 на 91,4 отсто поради ниското ниво на Дунав, соопшти бугарската министерка за енергетика Ива Петрова. Таа нагласи дека нема кризна состојба, ниту потреба од запирање на извозот на електрична енергија, јавува БГНЕС. Заменик-директорот на централата, Андреј Красночаров, изјави дека мерката треба да ја…
