Фон дер Лајен во Литванија и Романија: Во фокус подготовките против хибридни и конвенционални закани
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја продолжува својата европска турнеја со посета на Литванија и Романија, каде што во фокусот ќе бидат подготовките против хибридни и конвенционални закани.
Во Вилнус, Фон дер Лајен ќе се сретне со претседателот на Литванија, Гитанас Науседа. Двајцата заедно ќе ја посетат границата на земјата со Белорусија, која во последните години стана чувствителна точка во регионалната безбедност.
Подоцна во текот на денот, претседателката на Европската комисија ќе отпатува за Романија, каде што ќе има средби со претседателот Никушор Дан и премиерот Илие Боложан. Заедно ќе патуваат по црноморското крајбрежје, во близина на градот Констанца.
Главни теми на разговорите ќе бидат соработката меѓу Европската унија и НАТО, како и превенцијата, откривањето, одбраната и одвраќањето од морски и хибридни закани, што сè повеќе ја засегаат регионалната безбедност.


 
		 
			 
			 
			 
			 
			