Јанушев: Пратеници на СДСМ не сакаа да гласаат, знаеа дека е погрешнa и процедурата и содржината на законот за јазици
СДСМ повеќе пати го враќаа законот за јазици и не го ставаа на гласање затоа што тие и внатре имаа проблем и нивните пратеници не сакаа да го гласаат законот бидејќи знаеја дека е погрешно, и во процедурата и во содржината, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во „Само вистина“ на телевизија Канал 5.
– Законот за јазици ниту беше ставен на маса од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ ги распламти националните интереси со тој закон. Тоа го направи СДСМ ставајќи го законот на маса и тоа само за да ја зачуваат бројката во Собрание, бидејќи без таа бројка оваа влада не може да опстои, рече Јанушев.
Тој потенцираше дека СДСМ со овој закон само ги вжешти тензиите помеѓу граѓаните, на што во многу наврати беа предупредувани од ВМРО-ДПМНЕ, но како што додаде, СДСМ како за се друго се прават глуви на предупредувањата.
– За влада која се декларира која донела демократија, која што сака да има дијалог, да оди во Собрание каде што ќе се поднесат амандмани и притоа да не сака да ги гласа и на таков шверцерски, нелегитимен и нелегален начин да го протне законот е спротивно на сите демократски принципи. На сите вредности кои што се залагаа. Ако беше така, имаа прилика да покажат дека тоа е тоа за тоа што се залагале, рече Јанушев
Јанушев исто така нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ побара овој закон да биде повлечен за да може преку разговори да може да се направи да биде во согласност со Уставот, а со тоа и применлив закон.
Генерлниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во дебатната емисија „Само вистина“ упати критики до владата на СДСМ со што истакна дека јавноста е сведок на низа грабежи и убиства кои се случуваат низ Македонија.
Тој ги посочи убиствата на Дилавер Бојку во Струга, на Мартин Јанушев во Скопје и убиството на Арифи во Чаир. Исто така Јанушев потсети и на прикривањето на случајот за наводно удрената полицајка од “пајак“ кој е многу добро познат во јавноста.
-До кога ќе го потценувате македонскиот народ, го праша Јанушев соговорникот Дамјан Манчевски.
Исто така Јанушев истакна дека оваа влада не реализира ништо од ветеното, туку само на криминален начин во Собранието ги гази националните интереси на македонскиот народ.
Јанушев потсети и на сомнежите за криманал во АД ЕЛЕМ каде што се склучил договор со фирма за ископ на јаглен во 4 очи за многу повисока сума од потребната.
-Цело време се кажува дека во иднина нешто ќе се сработи, а очигледно е дека омилена придавка им е „ќе“, а всушност во реалноста ништо не се случува. Имено тоа се докажува со многу примери. Всушност и денеска имав еден таков прес за сомнежите за голем криминал во АД ЕЛЕМ каде што се склучува договор со една фирма за ископ на јаглен, притоа се раскинува договорот и наместо согласно Законот за јавни набавки, да се склучи договор со второрангираната фирма, се поништува целата постапка и во четири очи се склучува договор за да се добие поголема цена, нагласи Јанушев.
