|

Одбележуваме 111 години од убиството на големиот бугарски духовник архимандрит Евлогиј Светиев

На 20-ти јуни 1913 г. за време на Втората балканска војна е исфрлен од грчките варвари во водите на Егејско море архимандрит ЕВЛОГИЈ СВЕТИЕВ, деец на бугарската преродба во Македонија.

Тој е роден како Спиро Светиев во Битола, 1878 г. Завршил V клас во Бугарската машка гимназија во Солун. Учел во Цариградската духовна семинарија, а после студирал богословија во Черновиц. Покасно е назначен за архимандрит и ја управува Солунската епархија на Бугарската екзархија. Во јуни 1911 г. ја подкрепува инициативата за создавање на легална политичка партија на Бугарите во Османската империја. За време на Балканската војна редовно пишува информации до Х. Хасапчиев за малтретирањата на грчките власти над мирното население во Македонија:

„Од сите наши места идат лути проклетија, дека нашите најубави реони се окупирани од Срби и Грци. Насекаде тие ги прогонуват бугарските учители и свештеници, ги затворат најдобрите Бугари под изговор, дека се комити.“

После избувнувањето на Втората балканска војна е уапсен и качен на брод. Грчките националисти се исмеваат со него и му нанесуваат удари. На крајот го бодат со штикови и го фрлат во морето.

“Бликна крв од искубаниот образ, го измокри долниот крај на неговата брада, па потече по градите; „ха-ха-ха!” злобно се изкикоти Гркот, та разбуди мнозина од затворниците, кои со беспомошно сочувство го назираа дедо попот: „ха-ха-ха! Влакната од брадата ќе ги носам дар на твоите ќерки, зарем ќе ме прашат за тебе. Ти биди спокоен, – јас ќе им најдам и мажи, дури многу мажи. . .

„Бугарио, Бугарио, мајко сладка, кај си сега да ги видиш маките на нашите најверни рожби, кај си сега победоносна Бугарио, која ги скрши вековните вериги на Грци и Срби, да видиш, како ти се отплаќат”!

Меѓу екипажот на палубата имаше голема оживеаност. Нешто страшно се готвеше горе на палубата. Се дочуваа закани и псовки: „доведете ги од амбарите тука, побрзо доведете ги”! – викаше капетанот. После десетина минути осумдесет Бугарски војници и граѓански чиновници, меѓу кои и дедо поп, излегоа на палубата. – На сите им беа врзани рацете назад. Равнодушни погледи се роеја наваму-натаму. Сите разбраа, дека настапил крајот. . .Некои од цивилите се поизплашија. Тоа го забележа дедо поп. Со тврд глас се упати тој кон нив: „Браќа, не се бојте! илјади наши браќа загинаа смело по бојните полина. Тука не е пострашно. Не покажвајте слабост пред тие подли врагови. Нека ја видат тие нашата храброст и тука, та да потреперат од нас и како заробеници што сме им…!“ – „Попот држте го најнапред, попот”! – извика капетанот: „после другите“!

После миг се чу писок: потона дедо поп во сините морски води. После десетина минути сите беа издавени.

И палубата опусте.”

ЕДЕН ОД МНОГУТЕ, Црковен весник, Васил Узунов, 1913 г.



Слични Објави