Орвел: Во времиња на тотална лага, да ја кажуваш вистината е екстремизам
Кога зборуваме за најтемната можна иднина, во која може да се најде човештвото, обично секогаш се спомнува името на Џорџ Орвел.
Орвел е борец за слобода и противник на тоталитаризмот во сите негови форми, но истовремено е и мрачен пророк на сите откачени идеологии.
Британскиот писател е автор на можеби највлијателното дело во жанрот на антиутопиите – “1984” – роман за тоа како едно тоталитарно општество може да го уништи поединецот, претворајќи го дел од машината. И што е потажно – дел што со сето свое срце ја сака машината.
А над сето тоа бдее Големиот брат – жестока до безобразност фигура во подреденото општество – Тиранин, обожуван од своите робови.
Иако е со левичарски убедувања, Орвел е меѓу најжестоките критичари на СССР и комунизмот. За него оваа крајна форма на социјалната идеја ја уништува целата смисла на левичарството. Токму на ова се посветени како “1984”, така и другата негова значајна книга – “Животинска фарма”.
Орвел успева да покаже дека тоталитаризмот е извитоперена форма на управување, која секогаш ќе се самоуништува, на која секогаш ќе и треба непријател за да може да постои. Тоталитарното општество макар и навидум да има некаков идеал, се движи од омразата кон различните кои се непријатели и се главната причина тој идеал така и да не биде достигнат.
Во еден свет кој се повеќе се доближува до кошмарите од книгите на Орвел, е добро да се потсетиме за она што тој го пишувал:
“Војната е мир. Слободата е ропство. Незнаењето е моќ“.
“Најбрз начин да се запре една војна е да се изгуби“.
– Моќта не е средство. Таа е цел. Тие што создаваат диктатура не го прават тоа за да ја бранат револуцијата; револуцијата се прави за да се воспостави диктатура. Целта на репресијата е репресија. Целта на тортурата е тортура. Целта на моќта е моќ.
– Целта на шегата е не да понижи човек, а да го потсети дека веќе е понижен.
“Човекот е единственото суштество што троши без да произведува. Човекот не дава млеко, не несе јајца, не е доволно силен за да влече плуг, не може да трча доволно брзо за да го фати зајакот, и сепак тој е господар на сите животни.
– Како и со христијанската религија, така и при социјализмот, најлошата реклама за идејата се нејзините следбеници.
– Луѓето можат да се среќни само ако не ја поставуваат среќата како цел на својот живот.
– Тој што го контролира минатото, ја контролира иднината. Тој што ја контролира сегашноста, го контролира минатото.
– Во времето на тотална лага, да ја кажуваш вистината е екстремизам.
– Немаш ништо свое освен неколку кубни сантиметри во черепот.

