СУДИРИ МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИ И ПОЛИЦИЈАТА ВО ИСТАНБУЛ

/

Турската полиција приведе неколку претставници на синдикатот кои излегле на улиците во Истанбул по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.

Тие излегле на улица и покрај забраната за движење воведена поради епидемијата на коронавирус. Околу 15 луѓе се приведени, меѓу кои и лидерката на големата турска синдикална конфедерација ДИСК, Арза Черкезоглу , пренесе агенцијата „Франс прес“.

Приведените биле во група од околу 50 демонстранти, меѓу кои биле и пратеници од опозицијата. Групата тргнала во прошетка кон истанбулскиот плоштад Таксим, за да го прослават 1 Мај.

Демонстрантите излегле со заштитни маски но не ги почитувале правилата за дистанцирање.





Претходна статија

ОСМАНИ: ДОГОВОРИТЕ СО ГРЦИЈА И БУГАРИЈА СЕ ДОБРА РАМКА ЗА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ

Следна статија

МВР: НОВИ ЛАЖНИ ПОКАНИ ЗА НАВОДНА ТЕКОВНА ИСТРАГА

Најново од Вести