ВЛАДАТА ДЕНЕСКА ЌЕ ЈА ОДРЖИ РЕДОВНАТА 81-ВА ВЛАДИНА СЕДНИЦА

//

На денешната седница по предлог на Дирекцијата за ТИР зоните денеска министрите ќе одлучуваат во однос на предлог одлука за давање на согласност за склучување на договор за доделување на државна помош на Друштвото за производство, трговија и услуги БАУМЕР Скопје, а исто така ќе се одлучува и за нацрт договорот за долготраен закуп на градежно земјиште во индустриската зона Струга на Трговското друштво за производство, трговија и услуги РЕЧИ Ентерприсес Струга.

На предлог на Јавното претпријатие Македонски железници -инфраструктура ќе се разгледа информација за процесот на експропријација на земјиште кое е потребно за реализација на проектите за реконструкција и изградба на железничката пруга од источната делница на коридор 8 ( Куманово – Бељаковце – Крива Паланка – Р. Бугарија).

Пред министрите ќе се најде и информацијата за потпишување на Договор помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија од областа на безбедност на храната и ветеринарство и Договор помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија и Министерството за здравство на Република Србија од областа на безбедност на храната.



Министрите ќе разгледаат предлог одлука за утврдување на вишокот средства од акумулираната добивка на ЈП Службен весник и уплата на тие средства во Буџетот на Република Македонија, а исто така ќе се одлучува и за обезбедување на средства за финансиска поддршка и развој на вршење дејност на ЈП „АГРО-БЕРЗА“.
На денешната седница министрите ќе ги разгледаат извештајот за работата на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони за првите шест месеци од оваа година, извештајот за финансиското работење на АД за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Македонија.

Претходна статија

ДРЖАВНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА НА ГЕРМАНИЈА, ЌЕ ГОВОРИ ЗА МЛАДИНСКИТЕ ЕУ ПЕРСПЕКТИВИ

Следна статија

НОВИНАРОТ САШЕ ДИМОВСКИ СО ПОРАКА ДО ВЛАСТА: ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ

Најново од Вести