ВМРО треба да одглуми добредојде за Столтенберг

/

Во четврток генералниот секретар на НАТО за првпат ќе дојде во Македонија и ќе се обрати пред македонскиот парламент. Тоа што може да го најде е полупразна сала и отсуство на главната опозициска партија, состојба што не може да се протолкува поинаку туку како доказ дека Македонија се уште е нефункционална држава и дека на втората најмоќна политичка сила во земјата баш и е гајле за членството во Алијансата. Тоа и немаше да изненади којзнае колку да не се приказните од божем реформираната ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ја преиспита својата политика и ќе го корегира тоа што ги сврте граѓаните против неа на последните избори во земјата. Дури и да не сака ВМРО-ДПМНЕ Македонија да стане членка на алијансата, од обзир кон огромниот процент на граѓани што го сакаат тоа и од чиста политичка логика треба да одглуми убаво добредојде на Столтенберг. Ако опстои на бојкотот ќе докаже дека е партија со фабричка грешка, бидејќи верува дека е патриотска а околу сите клучни одлуки за земјата или се сокрива, или бојкотира или опструира… (Прочитајте го целиот напис овде)



Претходна статија

Зa што се боревме?

Следна статија

Проф. д-р Д. Зајковски: Поделбите веќе се позади нас

Најново од Колумни