|

ЖРТВИТЕ НА „ЈАВНА СОБА“ СИ ГО БАРАЛЕ…

Какво е тоа однесување на жена, девојка, дама, пресвета Богородица, уште па ако е мајка… Полу голи слики на Инстаграм бе, од плажи, од теретани, од спа центри. Си го бараат, сами си го бараат!!!

Вака ја започнува апологијата на поединец за некои створења кои ја креирале „Јавна соба“ и активно воајерски учествувале и подржувале или уште потрагично споделувале фотографии и коментирале.

Ако ги погледнете профилите на тие мажулиња кои тврдат дека жените си го бараат со постирање на полуголи слики, ќе видите куп полуголи нивни слики, по маици – домаќинки, без маица во шорц и фотографии од плажи каде што се гледа голо машко тело. Во нивниот случај голотијата не е срам и нема ништо страшно во тоа јавноста да ја види забрадената брадавицата, папокот кој се проѕира на стомакот што им го покрива половиот орган или срамните влакна на дотичниот господин.

Фотографиите од згодна девојка на плажа се сметаат за провокативни, ама мажулето редовно си објавува фотографии од жена му на плажа обично како пијат пиво, наздравуваат заедно и гледаат во камера, таа раголена, со паднати цицки и стомак до колена и секако тоа не го смета за провокативна фотографија, а како и да има нешто провокативно во три реда сало?

Ама жената му е, поштена, фина, со мажот си се слика само, нема врска што бракот им личи на скаламерија и што опстојуваат заедно ради комшиите.

Еее такви ќе ја коментираат и вашата убавина, и вашата интелигенција, и вашиот успех, а пред се вашиот морал.

Никогаш не е важно „што збори“ туку „кој збори“ и никогаш тие луѓе нема да можат да бидат важни, ниту за своите жени, не им придавајте важност ниту вие!

Фб статус на Магдалена Стојмановиќ, сопственик и главен уредник на порталот „Мој збор“



Слични Објави