|

ШВЕДСКИОТ МОДЕЛ НЕ РАБОТИ: ТРЕТ ДЕН ПО РЕД НАД 1000 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

Во Шведска денеска трет ден по ред е регистрирано големо зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот, кое изнесува 1.056, соопшти Шведската агенција за јавно здравје, пренесува Плусинфо.

Шефот на Агенцијата, Андрес Тегнел на вчерашната прес-конференција изјави дека дошло до зголемување на случаи најмногу во западниот дел на Шведска и меѓу помладата популација, објави британскиот весник „Гардијан“.

Со денешниот број од 1.056 новозаразени, вкупниот број на случаи на коронавирус во земјата изнесува 43.939.
Можеби ќе ве интересира

Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 4.639, затоа што денеска се пријавени 77 смртни случаи, од кои не починале сите во изминатите 24 часа, туку и порано, со оглед на доцнење на податоците од локалните подрачја.



Слични Објави